ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • Feyenoord – Nijmegen: T12+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ: „СО ДОБРА АТМОСФЕРА И 200% ОД НАШИТЕ МОЖНОСТИ, МОЖЕМЕ ДА ОДИМЕ НА ЕП“

ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ: „СО ДОБРА АТМОСФЕРА И 200% ОД НАШИТЕ МОЖНОСТИ, МОЖЕМЕ ДА ОДИМЕ НА ЕП“

11 февруари, 2021 09:53 Коментарите се исклучени на ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ: „СО ДОБРА АТМОСФЕРА И 200% ОД НАШИТЕ МОЖНОСТИ, МОЖЕМЕ ДА ОДИМЕ НА ЕП“
ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ: „СО ДОБРА АТМОСФЕРА И 200% ОД НАШИТЕ МОЖНОСТИ, МОЖЕМЕ ДА ОДИМЕ НА ЕП“

Кошаркарите во поход кон успех, тоа е зацртано и она што е зад нас е зад нас, сега одиме кон она што треба да е пред нас и мора да се оди на ПОБЕДА, капитенот е оптимист и пред се атмосферата треба да биде најголем мотиватор пред да се излезе на паркетот и да се победи.

„Да креираме една атмосфера која ќе биде нашиот заштитен знак во овој циклус, и тоа како битен за нас“

За разлика од ноемврискиот циклус, капитнеот на нашито национален тим Војдан Стојановски, во овој февруарскиот, успеа да „фати“ и некој „слободен ден“. Но се појави прв на првиот тренинг од подготовките са она што за една седмица следува во рускиот Перм. Последниот квалификациски турнир за пласман на завршницата на Евробаскетот во 2022 година.

Добра вест за него и за националнито тим е што на овој прв тренинг се присутни сите 15 повикани кошаркари?

„Супер работа е што тука уште на почетокот ќе бидеме скоро комплетни. Секако, поради професионалните обврски во Скопје нема да тренираат Димитријевиќ и Ѓуроски. Но верувам во тоа дека во овие наредни неколку дена ќе креираме една атмосфера која ќе биде нашиот заштитен знак во овој циклус, и тоа како битен за нас“

Но поради проблемите, пред и после Талин, сега во Перм, наместо два ќе треба да одиграме дури четири натпревари за пет дена?

„Ќе излажам ако кажам дека ќе биде лесно… Не, ќе биде навистина напорно. Но, за мене е поважно да сме здрави и живи, и во Перм да бидеме комплетни. Турнирот во Перм според оној интензитет на играње е едно мини Европско првенство. Како една група од ЕП во која за кратко време се одигруваат доста натпревари, а тоа носи дополнителна потрошувачка на енергија“

Добро е што за разлика од минатиот „балон“ сега имаме повеќе расположиви играчи за еден ваков турнирски систем налик на група од ЕП?

„Мислам дека, како што најави селекторот, во Перм ќе имаме 15.кошаркари на располагање. Еден доста поширок состав, со доста замени за одредени натпревари. Може да се направат и некои промени во ростерот. Тоа е голем плус во однос на она што нè чека таму“

Впечаток е дека јавноста очекува сите сили да ги сконцентрираме на дуелот со Естонија. Но претходно нè чекаат и други три натпревари. Два од нив против веќе пласираната Италија, и еден против домаќинот – Русија?

„Излегува така, дека сите мислиме само на тој натпревар. Не би се сложил со тоа. Ова е национален тим на Македонија кој треба да пружа максимум на секој натпревар. Зошто не би победиле некој од тие дуели со Италија или со Русија, па дуелот со Естонија да го чекаме во некоја порелаксирана атмосфера, без некое ‘морање’. Нема откажување. Ќе пробаме да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат во Перм“.

Верува ли капитенот дека оваа наша селекција може да обезбеди пласман на ЕП преку „балонот“ во далечниот Перм?

„Ако не верувам во успех, нема да сум тука, со соиграчите. Во Перм ќе одиме од натпревар во натпревар. За мене е доста важно што сите играчи се во некоја натпреварувачка форма, без оглед каде настапуваат во изминатиот период. Со добра атмосфера и давање на 200% од нашите можности можеме да дојдеме до тоа Европско првенство. Уште едно во нашите кариери“.

 

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content