
Убаво е, огромна чест, еден од највозрасните на идниот европски собир во фудбал, Горан Пандев се најде на ќесичките на панини.
Ние сме спремни да го собираме албумот, повторно ќе биде актуелно: ја имаш, ја немам или пак дај ми го Барди за Алиоски…или ај да играме тапка на ќар.
Убав е респектот кој го добиваме од секаде низ Европа па на нас и особено на фудбалерите ни преостанува да уживаме во премиерното големо натпреварување кое не очекува.
За голови не треба да му ја мислиме, во најава е веќе новиот европски тандем ПА-ПА или Пандев Панини.