
Молкот наречен Петар Милошевски
Животни вредности, човечност, помагање, другарство, се заборавени работи во нашето општество поодамна. Заборавени се да тука помага да се заборави политиката, начинот на живот и поделеноста на луѓето во политички смер.
СЕДУМ ГОДИНИ
Две влади, многу институции, МОЛК на семејство, колеги, и забранета тема е начинот на кој не напушти големиот Петар Милошевски. Некој не спие мирно, и не само некој повеќе се, болат моментите на менување, спакување на немање докази дури и оној во кого удрија беше крив.
Возев бавно, педесетина километри на час. Алкохол не пиев ниту тогаш ниту никогаш, џипот ми е технички исправен, се’ функционира на него. Се држев на својата страна, само што се приклучив на патот кон Нагоричане, си одев дома во моето село Малотина. Автомобилот во кој биле претставниците на Фудбалската федерација на Македонија со огромна брзина дојде на мојата коловозна лента. Немаше шанси да го избегнам судирот. Инстинктивно се наведнав, следното што го паметам беше кога ме пренесуваа во Брза помош“, се присетува 62-годишниот Живко Бојковски на ноќта кога се случи стравотната сообраќајна несреќа кај Куманово во која загина фудбалскиот голман, Петар Милошевски. Ова е неговото видување на настаните, а истрагата која е во тек ќе го каже последниот збор за причините за трагедијата кај Куманово.
Куќата на зет му била на околу 300 метри од местото на несреќата. Според неговото кажување, само што се спуштил на регионалниот пат кон Нагоричане, приклучувајќи се од десниот спореден пат.
Да ве потсетам коруптичари борци против корупцијата.
„Џипот ‘УАЗ‘, уште и натоварен и да сакам не може да развие поголема брзина од 60 км/час. Згора, само што почнав да возам, само што се приклучив на патот кон Нагоричане. Светлата ми беа запалени, каде би возел во таа темнина ако не работат? Апсолутно не е точно дека сум се обидувал од најкрајната десна страна да преминам сосема на левата страна и да свртам на патот кон Свети Николе. Каде би одел таму? Си одев дома, мојот пат водеше право и само право. Судирот се случи за миг. Јас видов дека автомобилот од спротивната страна се движи многу брзо. Пред него имаше друго возило. ‘Пежото‘ претекнуваше, возачот веројатно изгубил контрола и дојде на мојата лента. Си реков ‘готово е, ќе ме удри‘, се наведнав долу“, вели Бојковски.
Џипот се исправил среде улица, можела да се случи уште поголема трагедија ако и другиот автомобил, во кој биле фудбалски работници што по хуманитарниот натпревар во Куманово отишле на вечера во еден од етно-рестораните во Нагоричане, се забиел во него. Според сведочењето на Саша Ќириќ, во последен момент бил избегнат судир. Црниот автомобил „пежо 508“, управуван од претседателот на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиески, излета од левата страна на патот. Петар Милошевски, кој седел на совозачкото место, почина на самото место.
Случајот е во рацете на кумановското Јавно обвинителство. Бојковски вели дека единствено ги интересира правдата.
„Верувам дека ќе биде утврдено дека јас немам никаква вина за несреќата. Благодарен сум што преживеав и не планирам да барам отштета, оти на сите што возиме може да ни се случи истото. Но, доколку виновникот биде пронајден на друго место, секако дека нема да се помирам со тоа. Подготвен сум да ангажирам и странски вештаци, вистината мора да победи“, уверува Бојковски.
Петар живееш вечно
Прерано ни замина
Несреќно ни те одземаа
Тие немаат душа, ни спокој, но секогаш ќе бидеш во нашите срца, никогаш нема да те заборавиме.
Автор: Игор Александровиќ