
Институции, спортски луѓе, државни установи, спортски установи кои се грижите за спортот, барем така велите со потпис на меморандуми, соработки, ликувања, сликања, итн.
Спортски ПОЛИТИЧАРИ, АНАЛитичари, Тезгарџии кои спортот го направивте пазарна политика, крени рака за ова ќе ти го дадам ФФМ, крени рака за ова ќе ти дадам она. Купопродавачи и лажачи и не спорведувачи на закон кон спортот и фудбалот, корупцијата и криминалот со кој се борите, да почне(В)те од ФК ВАРДАР светоста или ФФМ, одамна ќе имавме стабилна спортска држава, на кој ќе имаше одговарачи пред законот и ќе се дадеше до знаење дека не смее да се користи спортот за политика, лични интереси, шеми, и секакви блудни работи.
Вас не ве допира ни зборот на спортски легенди, великани, не ве допира ништо да пробате нешто законски, затоа сега ќе ве потсетам каде имате грешка во однос на спортот, спортските избори, спортските закони, и спортскиот фер кој сте должни да ги спроведувате непристрасно за да има услови за фер игра кога е во прашање некаков избор за спортски функционер.
ВИЕ зборувате за правда и корупција
ЈАС ќе зборувам за правда и корупција
Се разбира во име на спортот, спортските избори и спортските случувања.
ДА сакавте да средувате корупција во спортот одамна
* ФК Вардар ќе имаше раководство а низата работи ќе покажеа нелогичности и нелегалности.
* ФФМ немаше да биде предадена своина на ВМРО на Никола и Илчета, предадена по исти модел на ДУИ, посредник е кој, па вие сте кои се борите против корупција.
* Кога сме кај Илчета ако збориме за правда и завин брат во црно и родители, на покојни Петар Милошевски одамна ќе ни покажевте дека ви е дојдено до спорт, и спорт без корупција, а не да се шета низ градот како ПАУН и да изиграва менаџер и сопственик на фудбалска школа клуб, крвави пари се делат за плата за да функционира ПАУНОВАТА фудбалска школа со амбиција новата ѕвезда да влезе во 2 лига.
* Одамна ќе се справевте со финансиска полиција, ЈО, со моментот парите за фудбал каде завршуваат, со случаите во фиока, со двојни книговодства, со Оле, со разни парагон ливчиња, одамна ама не можевте од повеќе причини.
* Одамна немаше да дозволите на говорница во парламент да се збори дека ДУИ се изборило за ФФМ, па нели не смее да се меша политиката во спортот, или пак во некакви официјални страни да биде протежирано ФФМ во политиката.
* Одамна ќе се провереше што се работи во АМС и сите оние директори кои директорувале под палка на политиката, и извршување како ќе им каже некој кој е политички активен функционер а (А)политичен спортски (НЕ)зналец кој кажува за проекти, итн.
Утре ќе бидеме сведоци на спортска корупција
Утре ќе бидеме сведоци на самоизбирање 2 дел
Утре ќе бидеме сведоци на неспроведување на закон за спорт од спортска институција
Утре ќе бидеме сведоци на голема политика
Утре ќе бидеме сведоци на моќта на парите
Утре ќе бидеме сведоци, дури и на самоизбирање ќе нема делегати од нивните ФАНТОМСКИ:
ОФС, ќе ги нема
ОФС КОЧАНИ
ОФС СВЕТИ НИКОЛЕ
ОФС СТРУМИЦА
ОФС ТЕТОВО
голем срам на повидок и голем пораз за сите од светот на спортот, фудбалот и институциите, како и спортските институции, гледај дојдете на врата да тропнете за да ми кажете колку сте успешни во политиката, корупцијата и спортот.