
Дојде време кога законот не е закон, Дојде време кога Сејдини кажува каде му е местот на Горан Пандев.
Измешани фудбалски вредности и извитоперени алчни ликови го тероризираат ФФМ.
По Неколку дена по силните критики на капитенот Горан Пандев на неговите зборови реагираше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Имено Сејдини голем број од јавноста и се што е вредно фудбалско не го признаваат за прв човек, но начинот на кој се самоизбира беше фарса и срамен.
Во интервју за „Сител“ Сејдини зборуваше на неколку теми, а една од нив беше Горан Пандев и критиките кои ги упати капитенот пред одржувањето на собранието на кое тој беше реизбран и доби нов мандат.
„Не би сакал да реагирам на фудбал, никогаш не го правам тоа. Јас ги ценам сите фудбалери, го ценам и господинот Горан Пандев. Тој е еден добар фудбалер и местото се уште му е на терен, да дава се од себе, како што го правеше тоа и до сега, никогаш не се штедел кога доаѓал да игра за репрезентацијата и сигурно и во иднина ќе го прави истотот за македонскиот дрес. Нека не радува, не само нас како фудбалска федерација, туку и целата јавност во нашата држава“, изјави Сејдини.