ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • FLAMENGO – AL HILAL: 3+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » Бенелукс Лига, Холандија и Белгија прават заедничка лига!

Бенелукс Лига, Холандија и Белгија прават заедничка лига!

17 март, 2021 10:22 Коментарите се исклучени на Бенелукс Лига, Холандија и Белгија прават заедничка лига!
Бенелукс Лига, Холандија и Белгија прават заедничка лига!

Вчера вечер во Европа одекна силно веста за фудбалско спојување на две лиги. Белгија и Холандија ќе се спојат за посилен квалитет но и поголем профит за да може да имаат во текот на сезоната.

Водечките белгиски фудбалски екипи денеска поддржаа можна заедничка лига со холандските тимови.

Како што официјално е соопштено, Генералното собрание на белгиската Про Лига изгласа едногласна поддршка за „начелен договор“ околу новото натпреварување, што ќе го носи името „BeNe“ лига.

-Оваа амбиција почива подеднакво на почитување на спортските амбиции на големите клубови, како и на потребата од економска стабилност за другите професионални тимови, се наведува во соопштението од белгиската лига.

Холандските и белгиските клубови со месеци разговараат околу деталите и форматот на новото натпреварување, но формалниот предлог допрва треба да биде претставен.

Проектот предизвика загриженост меѓу дел од навивачките групи, кои стравуваат дека би биле фаворизирани само големите клубови од двете земји. Дали ќе има успех, како ќе биде прифатена од јавноста и како ќе биде пречекано од послабите и помалите клубови во двете земји допрва ќе ги видиме реакциите.

Белгиските медиуми објавија минатата година дека ревизорската куќа „Дилојт“ пресметала оти спојувањето на двете лиги би можело да донесе профит од 400 милиони евра во маркетинг и телевизиски права.

Вредно да се напомене дека пред некоја година и кај нас требаше да има нешто слично и да се врати стариот сјај на дерби натпревари од типот на Партизан – Динамо Загреб или пак Ц. Звезда – Вардар, но не дојде до договор и сета таа идеја некако отиде во заборав, па може кога еве две европски земји ќе се спојат и направат успешен модул, можда и кај нас ќе се реактивира идејата за нешто слично.

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content