
Пеколни 1/4 финални парови во ЛШ, Флик против Покетино, Зидан против Клоп, армијата на ПЕП против гол машината Халанд, Тухел против Порто.
Денеска со жрепка во Нион беа формирани двојките во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите. Бранителот на титулата од минатата сезона, Баерн Минхен ќе ги одмери силите против францускиот гигант ПСЖ и главните ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе.
Можеби најинтересно се очекува да биде на пресметката Реал Мадрид – Ливерпул, голема битка помеѓу славни екипи предводени од Зинедин Зидан, односно Јирген Клоп.
Моментно водечкиот во Премиер лигата Манчестер сити на Пеп Гвардиола за противник го доби тимот на Борусија Дортмунд во чии редови блеска норвешката „гол-машина“ Ерлинг Халанд. А можеби „најлесно“ помина Челси на Томас Тухел и кој за пласман во полуфиналето ќе игра против Порто, но португалската екипа во осминафиналето во кое го елиминираше Јувентус испрати порака дека има сериозни амбиции да стигне што подалеку во ова елитно натпреварување.
Лига на шампиони
Сезона 2020/2021
Четвртфинале, двојки
Манчестер сити – Борусија Дортмунд
Порто – Челси
Баерн Минхен – ПСЖ
Реал Мадрид – Ливерпул
Првите натпревари од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 6/7 април, а реванш средбите на 13/14 април 2021 година.
Во полуфиналето победникот од пресметката Баерн – ПСЖ ќе игра со подобриот од двомечот Манчестер сити – Борусија Дортмунд, додека победникот од Реал – Ливерпул ќе се сретне со победникот од двомечот Порто – Челси.
Потсетување дека големото финале оваа година ќе се одржи во Истанбул (Турција) на 29 мај на Ататурк Олимпискиот стадион.