Јасно е дека бројни кладилничари кои играат сигурици или системски тикети ставаат фаворити на своите тикети. Честа појава е сите ние од овие “сигурици” да сме непријатно изненадени од крајниот резултат, односно тимовите ширум Европа во потполност да разочараат и кикснат и така многу тикети да ги пратат во корпата за отпадоци, па пишување на поправен.
Ајде да видиме кој се успеа овој викенд да не “ПРОДАДЕ” кажано жаргонски односно кој успеа непријатно да не изненади…
Јувентус – Беневенто
Со сигурност најголемо изненадување овој викенд е тимот на Јувентус кој успеа да биде поразен на домашен терен од Беневенто, каде сега шансите не му се ни минимални за скудетото оваа сезона. Старата дама после 9 скудета во низа, оваа сезона нема веќе сила ни време да го стигне тимот на Интер.
Галатасарај – Ризеспор
Она што Фенербахче го направи минатото коло, ова коло го направи Галатасарај, каде можда требаше да ни биде сите јасно дека петочки штом имаме киксови да не летаме но…Натпревар со пресврти и кога се чинеше дека Галатасарај по примениот гол успеа да го сврти резултатот во нивна корист во првиот дел, но тоа не беше доволно затоа што на полувремето се отиде со изрманет резултат. Вториот дел шок гол предност за Ризе, па изрманување повторно па црвен картон за Галатасарај за на крај резултатот на семафорот вели конечни 3:4 се на се голем хаос од страна на Галатасарај на овој дуел во целост.
Келн – Б. Дортмунд
По пласманот на Дортмунд во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите се очекуваше таа форма да ја продолжат и против Келн. Но Милионерите од Дортмунд имаат сезона во Бундес лигата која треба што побрзо да ја заборават зад себе. Главна причина што имаат сезона која не е по вкус на Халанд гол машината е слабата одбрана каде сите критичари во Германија укажуваат на тоа.
Лил – Ним
Наместо тимот на Лил да го искористи дербито на Лион со ПСЖ и да победат на домашен терен против Ним, изгледа дека четата на искусниот тренер Галтиери полека ја губи свежината за трката со Париз и тимот на ПСЖ. Имено имаат една победа во последните четири дуели, Тимот на Лил доминираше цело второ полувреме но крајниот резултат остана оној од полувремето кој гласеше 1:2
Феенорд – Емен
Феенорд како да го следи тимот на Лил од Франција, има дури и послаб скор на последните шест дуели има само една победа, и со овој кикс практично самите се исфрлија во трката за местото кое води во квалификациите од Лигата на Шампионите.Од друга страна тимот на Емен врзаа петти дуел да бидат непоразени каде и понатаму имаат шанси да останат во најдобрата лига во Холандија популарната ЕРЕДИВИЗИЈА.
Лвов – Шахтјор
До пред овој викенд последниот тим на табелата Лвов успеа да го победи тимот на Шахтјот кој е и актуелен првак на Украина. Клубот од Донецк во два наврати успеа да се врати во натпреварот но се беше залудно, дури и поседот на топката кој гласеше 75 отсто за шампионот не беше доволно да се спаси од пораз на овој дуел. Со оваа победа Лвов успеа да го избегне дното од табелата, додека Шахтјор сега има 7 поени минус во однос на лидерот на табелата Динамо Киев.