
“Иван Марковски од денес се придружува на стручниот штаб како дел од еден долгорочен проект за силен Металург. Веќе од утре седнува на тренерското столче и продолжува да работи со тимот во наредните 2.5 години. Покрај Марковски, стручниот штаб го засилува и Златко Јанакиевски кој ќе се грижи за физичката подготовка на тимот. За наредната сезона на клупата на Марковски ќе се придружат уште 2 познати тренерски имиња. Владимир Глигоров е Ковид позитивен, се надевам на брзо опоравување и враќање на терен. Засега е извесно дека ќе е отсутен најмалку 20 дена, но најважно е да ја добие оваа битка.”