Не нема, Не снемува или само не забледува!!!!
Се сеќавам кога дојде лига на нации, се сеќавам на еуфорија, на победи на наслови, на фалења, на изјави од минута во саат, од саат со денови додека дојде Лихтенштајн, Гибралтар, па плеј оф и успех, и се сеќавам на галама мегафонска за атмосфера и се сеќавам на уште многу работи.
Како да не сме учесници на ЕП влеговме во овие квалификации, со бомбата на”ГРАНДЕ РАСПУКА” со суровата вистина, пред него пукнаа и легенди како Тони, Митко, Влатко итн, грмна Гранде сите ги заќуте, институции, претседатели, оние кои се функционери во ФФМ, и сите замолчеа, замолчеа и останатите покрај и до Пандев.
Се сеќавам дека и клубовите пак се разгаламија па се уќутеа, слепи дека постојат тие за ФФМ а не ФФМ за нив, но кај нас е лесно да те заќутат само треба да ти ветат нешто и тоа е тоа, одма се случува снемување, забледување.
Се сеќавам дека грмна ГРАНДЕ на додела на АМС на спортист на годината, и после тоа не чекаа ” ВЕЧНИТЕ ЖРТВИ” во ова парче наречено од навек Македонија дека е НАЦИОНАЛИСТ, дека прави ЛОША АТМОСФЕРА па како го гледате во очи сега додека бевте во исти АВИОН за вас што ПАНДЕВ е националист?
Јас се сеќавам, но не знам дали се сеќавате вие, ама од “вечните жртви” кои не им чини 30 години ништо во оваа Македонија мене ми е преку глава, преку глава ми е да се избираат нелегално, да кријат за се сторено и не сторено и планирано или непланирано, преку глава ми е дека се “ЖРТВИ” највеќе ми е преку глава некој кој не однесе на Европско Првенство да го нарекуваат националист и да му кажуваат дека му е работа на теренот да дава голови, нешто што знае повеќе од 30 години со напорна работа и пот, додека другите глумат “ЖРТВИ” и мислат дека се им должи државата.
Изгледа од “ЖРТВИТЕ” може да се научи и уредени, овој циклус да не шетаат имаат поделба на УО Анталија – Романија тоа се тие увреди од поволностите кои ги нуди ФФМ.
Момци среќно вечер, мене ми е повеќе од јасно дека изјавите се на минимум, дека не ви се збори поради ” ЖРТВИТЕ” ама вие сте професионалци, знам и дека ви го земаа успехот, односно го поделија на исто ниво како и вашата заслуга за кои не направивте горди, но издржете за фудбалот, за промените, за реформите кој мора да се случат, мора да се каже стоп на фантомски избирања, бидејќи вие сте фудбалот момци македонци, вие го носите дресот кој има сонце кој за некој значи жртва, договор, промоција но за некој значи СЕ.