ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • Feyenoord – Nijmegen: T12+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » Она што беше кажано ЕКСКЛУЗИВНО во спортската емисија Полн Погодок, АМС го реализира!!! !!!

Она што беше кажано ЕКСКЛУЗИВНО во спортската емисија Полн Погодок, АМС го реализира!!! !!!

26 март, 2021 13:11 Коментарите се исклучени на Она што беше кажано ЕКСКЛУЗИВНО во спортската емисија Полн Погодок, АМС го реализира!!! !!!

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска ги израдува актуелните спортисти во државата и конечно најави регулирање на нивниот работен и пензиски стаж.

Тој уште по преземањето на функцијата се пожали дека како професионален спортист повеќе од 20 години нема ниту еден ден работен стаж. Оваа неправда кон спортистите конечно ќе биде исправена со изнаоѓање системско решение за спортистите да можат да го остварат своето право на пензија. Да не мораат да се грижат за својата иднина по завршувањето на кариерата.

„Во заедничка координација со Фондот за пензиско осигурување, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, формиравме работна група за изнаоѓање на најдобрите модели со коишто преку законска измена ќе се стигне до трајно и системско решение, односно времето коешто спортистите го поминале професионално ангажирани од спортски клуб да им биде додадено, поточно, тоа време, тие години, да им бидат впишани во пензискиот стаж, во моментот кога ќе ги исполнат законските критериуми и старосната граница за заминување во пензија“, најави Мојсовски.

Директорот на АМС не најави детали, односно кои ќе бидат критериумите за остварување пензија, но процесот е почнат, па спортистите како најголеми амбасадори на државата конечно ќе бидат третирани како такви.

„По завршувањето на спортската кариера, овие големи луѓе, се оставени на маргините на општеството, без работен стаж, без здравствено осигурување, но и најчесто и без алтернативна професија и образование, работи коишто ги испуштиле градејќи спортска кариера на највисоко ниво, посветени на достоинствено претставување и промоција на нашата држава ширум светот!“, додаде поранешниот ракометен репрезентативец.

„И, не, овие спортисти и спортистки никако не смеат да бидат заборавени од општеството. И токму затоа, драго ми што од овде денеска го најавувам процесот на реализација на моето прво ветување кога ја преземав оваа функција, правиме законско решение со кое овозможуваме поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија! Денеска ја исправаме децениската неправда кон спортистите!“, истакна Мојсовски на прес-конференцијата.

Следен сегмент во политиката на АМС ќе биде поддршката за регулирање, односно субвенционирање на придонесите на сегашните спортисти и спортистки, процес којшто ќе отпочне во вториот квартал од годинава и ќе тече паралелно со тој за спортските пензии, се надеваме дека АМС нема тука да застане и до крај ќе ја исправи работата со самоизбрањето и самоволието на ФФМ.

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content