Еден од најдобрите фудбалри на денешницава Роберт Левандовски се повреди во текот на овој квалификациски циклус за мундијалот во Катар 2022 година.
32 годишниот центрафор доживеа повреда на натпревар за својата репрезентација Полска – Андора. Деталните медицински прегледи утврдија дека на одличниот голгетер страдале лигаментите на десното колено и дека поради ова ќе мора да одсуствува најмалку 4 недели.
Со оваа повреда Левандовски ќе ги пропушти денешниот дуел против репрезентацијата на Англија, но проблемот е многу поголем за Баерн Минхен каде ќе останат без услугите на ,,ЛЕВА,, на дуелите со ПСЖ во 1/4 од лигата на шампионите како и во домашниот шампионат и тоа дуелите против ЛАЈПЦИГ, УНИОН БЕРЛИН, ВОЛФСБУРГ, БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН И МАЈНЦ дуели каде ќе се решава сигурно и новиот првак на Германија кој е токму Минхенски баерн, кои за жал нема да може да сметаат на нивниот најдобар играч.