Горан Пандев веќе долги години игра на највисоко ниво во Серија А, така е и оваа година.
Во калчолигата Пандев одигра 460 натпревари и постигна 98 голови. Често пати Пандев добивал пофалби од многу страни, па така е и сега.
Официјалниот профил на Серија А објави фотографии од Пандев во дресовите на Лацио, Интер, Наполи и Џенови со опис: Разрлични дресови, но секогаш голови…
Ова е Италија, Ова е Калчи лигата, една од најсилните лиги во светот и се поклонуваат пред Македонската икона, и сега да се вратиме на нашата реалност, пред само еден месец Претседателот на ФФМ, Сејдини и објасни на јавноста што му е работа на Горан Пандев, по неговото излагање на медиумите каде објасни МНОГУ работи, како стојат работите, тоа ти се вика сурова Македонска реалност.