3 Дена, 2 Дуела, 1 Победник
3 Години без пораз за Пандевци во купот на Македонија. Подобри поумешни и подобро ги искористија своите прилики.
Финале пред финалето одиграа тимовите на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев. Ако во саботата беше квалитетен дуел овој пат овој дуел беше поквалитетен и подинамичен со брза игра и повторно Васовски го надмудри на Тасвески.
Саботниот дуел имаше судиски грешки па таа традиција како да мораше да се следи и на овој дуел, главниот судија Качевски многу брзо сакаше да покаже авторитет но фудбалски ги погреши моментите кога да го направи тоа, најпрво пенал недосуден за Ѓорчевци и тука почна целиот хаос од судиско компензирање каде натпреварот во 2 – дел го изгуби и интензитетот.
Црвени картони за Ферати во првиот дел, па потоа и за Китановски во вториот дел. Кога сме кај оние спорни моменти и бројките 1:1 по првиот дел, стрелци Ферати и Ајрулаху, по бркотницата во вториот дел, два пенала за Академија два пати стрелец Радевски кој без оглед на головите беше најкорисен на теренот.
Васовски:
Задоволен од победата од момците, мораше да направиме некои измени бидејќи брзо дојде овој дуел по првенствениот дуел во саботата. Заслужена победа Комплименти за Радевски и целиот тим, кој ете со цврста игра сигурна одбрана и искористените шанси заслужено влегуваме во финалето.