Страшно е во 3 дена 2 тима 2 дуела, квалитетни екипи, одлични тренери ама оние мајсторине во црно кои се нарекуваат судии се за црвен картон. Оние па кои гледале од ТВ па пишале квалитетен фудбал имаме заборавиле судење да спомнат, ама добро мора да го фалат фудбалот ФФМ јасно е зошто е така.
Да се вратиме на поентата конечно од толку натпревари да се погоди убаво време и машки фудбал и старине како со кажуваат и ќора кокошка ќе убоде некое зрно па така и сега, абе се супер и саботата и вторник ама судиите бе брат се катастрофални, викаа се прават грешки, се случува итн, абе не знам кој тим повеќе го убивте фудбалски од 180 минути видете си ги одлуките, анализирајте си ги сами ќе си ги видите грешките, од срам уште одма да напишете извинување до двата тима и Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.
Реков нема да ви коментирам одлуки ама сами можете да си видите што сте направиле, уништитвте 2 Дуели кои според мене е ретко виден кај нас подолг период, но ајде вие си знаете нели знаете се како што и ФФМ знае се.
Шала на страна дефицит сме со фудбалски судии, дури и еден КОЛИНА сите знаеме за кого навивал па не се дрзнал да греши слеп да се прави, од позиции на поставеност во спорни моменти до губење во измени и слаба комуникација играч влага и му се дава жолт картон зошто влегол додека 4-от судија му рекол влагај.
Во овие два дуела одиграни во Ѓорче можам да кажам за повеќе од 30 до 40 грешки некои се фудбалско убедување ама некои ви се леле грешки, и до кога со судии, делегати, контролори, тате на бате, на синче работава.
Не ме ни чуди целава ситуација ако се земе во предвид дека ни судиска, ни здружение на прволигаши ни фер плеј избор за прв човек на ФФМ, што тогаш останало за другото.
За крај додека не знаеме каде тераме и се криеме позади репрезентација како федерација, денеска гледаме последно дерби во соседна Србија Партизан – Ц. Звезда без вар, а ние останавме да варосуваме линии и трибини и соблекувални да градиме а да презентираме дека стадиони правиме.