Помина европското првенство во фудбал за нашата фудбалска репрезентација и за ФФМ и се некако е во место, но тука сме ние да ја потсетиме јавноста што се случуваше пред самото поаѓање на ФФМ и Македонската Фудбалска Репрезентација.
Паника или смислена тактика околу новите дресови, дали и ова се ќе биде тивко и заташкано како и секој фудбалски избор кога е во прашање ФФМ??? На што точно мислиме ? Прва мисла на ум што ми паѓа на која држава беа тие дресови и бои каде и не се употребија воопшто. Опасен тест беше тоа драги читатели и добро осмислен од некој кој нема врска со ФФМ и со Фудбалот ама има со политиката, друго некакво логично или нелогично објаснување па и да нема.
Одиме понатаму, кога треба да има најголема продажба на дресови, имавме ли ние такво нешто??? Дали сме ние толку богати па не ни треба продажба, очигледно тука некој опасно потфрли во боите па и дизајнот на дресовите како и повлекување на старите дресови од продажба. Сомнително другари кога сите федерации прават грдни пари од дресови и на секаков начин си ја промовираат федерацијата и фудбалот ние останавме на една тешка нула.
Дали има пропуст, казна, одговорност, и ако има казна дали ФФМ треба да ја плати према ,, ЈАКО ,, за погрешните дресови. Некако се погрешно и наместо фудбалерите со фудбалски мисли на терен пред самиот настап на ЕП мораше да има циркуз медрано од страна на ФФМ, и сега се е тивко како некој целта да си ја исполнил а одговорност нема, а колку ли само демагогии имаме слушано од ФФМ како се транспарентни и учтиви во однос на било каква информација.
Едно е сигурно ОШТЕТЕНА Е ЦЕЛА НАЦИЈА, со сите позадински игри кои се случија кога е во прашање дресови и промоција на македонскиот фудбал. И како по добриот стар рецепт како и за фудбалските самоизбори на кои сме сведоци повторно гледаме слепи и глуви институции и е само силен показател дека во ФФМ има само фигури а некој друг ги мрда.