Додека ФК Вардар се спрема за втора лига но пред тоа да се навратиме дека тој ФК Вардар играше во групите на Лигата на Европа, од тогаш навака ФУДБАЛСКИ МРАК на мак – клубовите и сериозен пад на нашиот клубски фудбал во европски рамки изразено со премногу низок коефициент. Дали ФК Вардар постави невозможна мисија за другите? дали целта на мак – клубовите во нашата лига е само излез во Европа и со тоа треба да си кажеме дека е успех. Премногу години наназад играме не само епизодна улога, него и очајни резултати од тимови кои хм “БАРЕМ” треба да се носиме за некој подобар резултат. Гол разликата е катастрофална од година во година, но оваа е баш мизерна.
Од најавите на ФК Шкендија дека имаат намера да играат во Лигата на Шампионите во групна фаза до Македонскиот шампион без даден гол во Европа. Дечки вака не иде, нити пак вака се подигнува лига нити па домашниот фудбал. Мизерно Евро – сцена лето каде е некаква увертира за почеток на домашниот шампионат, а таму веќе одма математиките, кој прв, втор и трет, едно се амбиции и аспирации друго е на терен и случувањата во него. Лош настап за сите тимови оваа сезона ФК Струга ТриМ – Љум, ФК Шкупи, ФК Шкендија како и за ФК Силекс кој имаше добар резултата се до 95 минута но среќата и го заврте грбот и натпреварот не отиде во продолженија.
Сериозно се поставува прашањето КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ??? губиме од Номе Каљу, Лиепаја, Дуделанж, Рига, Мура итн, толку ли многу заостануваме, толку ли немаме основа за нешто повеќе, толку ли е дострелот само излез во европа, ова ли е нашата фудбалска лига?????? Многу прашања другари, дури и премногу но за жал експерти има во фотеља, на тренерските столчиња како и експерти за стратегии и фудбалски тактики.
Фудбалски европски мрак трае и трае и ќе треба години и години да се подигне да се достигне нешто повеќе надвор од домашната лига. Додека излеземе од мракот и ни се фудбалски раздели низ Европските стадиони можеме да гледаме на тв и видеа и слики, и да си викаме ќе игравме ако овој поминеше итн…Дечки можете вие подобро сигурен сум но дајте фер борба во домашната лига прво без АВТО – СМЕШНИ ГОЛОВИ и без договори , фудбалот е фер плеј игра и ако нешто сте заборавиле топката е тркалезна може да мислите дека сте победиле во домашната лига, ама фудбалот памти па можда и вака некако со лоша карма ни се враќа да губиме се од големи фудбалски тимови последните години низ европските квалификации.