Општинска помош за подобар фудбал, погрешно или не, ценете сами, општините диригенти на клубовите можда и затоа ни се толку слаби лигите, па се виде како не претставија во европски рамки.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со денешниот ребаланс на буџетот, предизборно одвои 2.750.000 денари или речиси 50.000 евра за ФК Воска во сопственост на поранешниот советник Нефи Усеини.
За потсетување кога опозицијата пред околу две години бараше средства за поддршка на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, власта ги одби со образложение дека општината не може да финансира приватни спортски клубови.
Но, сега на три месеци пред локалните избори тоа не важи, па така Константин Георгиески со пари на граѓаните и во услови на тешка финансиска криза ќе го финансира клубот на неговиот коалиционен партнер, Нефи Усеини.