ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • FLAMENGO – AL HILAL: 3+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » ВЕЧЕРВА Е ПРВАТА „КОНТРОЛА“ ЗА СЕНИОРИТЕ, СЕЛЕКТОРОТ НА ПРВ ИСПИТ И УВИД !!!

ВЕЧЕРВА Е ПРВАТА „КОНТРОЛА“ ЗА СЕНИОРИТЕ, СЕЛЕКТОРОТ НА ПРВ ИСПИТ И УВИД !!!

2 август, 2021 10:04 Коментарите се исклучени на ВЕЧЕРВА Е ПРВАТА „КОНТРОЛА“ ЗА СЕНИОРИТЕ, СЕЛЕКТОРОТ НА ПРВ ИСПИТ И УВИД !!!

Во СЦ „Јане Сандански“, од 19.часот, ни гостува репрезентацијата на Црна Гора, натпреварот е затворен за јавноста

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра првиот (од двата предвидени) пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Натпреварот кој ќе биде затворен за јавноста, стартува од 19.часот, и ќе биде првата можност за стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, да ја провери моменталната форма на „црвено-жолтите“ пред почетокот на претквалификациските натпревари (12-18 август) против селекциите на Швајцарија и на Словачка.

Инаку, за овој натпревар, селекторот Бајиќ се реши да им даде шанса на вкупно 15. кошаркари. Своите минути во националниот дрес на овaа проверка ќе ја чекаат: Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Марко Миловановиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки и Џејкоб Вајли

За два дена, на 4. август, од 19.часот, двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар, исто така во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Црногорците во Скопје без Кобс, недостасува и Дубљевиќ

Во изменет состав ќе игра и нашиот вечерашен ривал во контролниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“.

Предводникот од клупата, Борко Радовиќ донесе состав во кој ги нема можеби и двајата, во овој момент и најдобри црногорски кошаркари (ако не се земе во предвид Никола Вучевиќ), натурализираниот плејмејкер Џастин Кобс (Будуќност од Подгорица), како и еден од најдобрите крилни центри во европската кошарка, Бојан Дубљевиќ (Валенсија).

Список на играчи на Црна Гора: Машан Врбица, Немања Ѓуришиќ, Милија Миковиќ, Радослав Спасојевиќ, Јован Кљајиќ, Филип Баровиќ, Марко Тодоровиќ, Зоран Николиќ, Василије Бачовиќ, Дино Радончиќ, Алекса Поповиќ, Павле Ѓуришиќ, Данило Николиќ, Никола Ивановиќ и Петар Поповиќ.

Стручен штаб и водство на делегацијата: Борко Радовиќ, Данило Митровиќ, Филип Патковиќ, Владимир Тодоровиќ, Благота Секулиќ, Микица Љубојевиќ, Периша Чогуровиќ, Дарко Савиќ, Иван Вукчевиќ, Веселин Баровиќ и претседателот на Кошаркарската федерација на Црна Гора, Никола Пековиќ.

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content