Според шпанскиот дневен спортски информатор Спорт, Серхио Агуеро е многу задоволен од неговиот трансфер во Барселона. И покрај фактот дека неговиот кум и голем пријател Лионел Меси го напушти клубот, Кун и неговото семејство се многу среќни во Каталонија. Со оваа вест, Спорт стави крај на шпекулациите што се појавија во текот на вчерашниот ден, во врска со незадоволството на Аргентинецот од заминувањето на Меси. Иако се чинеше дека и Агуеро заминува сепак колку и тешко да им паѓа на сите оваа ситуација која се случи Барселона мора да продолжи понатака.
Какви ќе бидат последиците од финансиски аспект, играчки и конкурентни останува времето да покаже иако Барселона е позната по своите 10 – ки да ги дава на начин кои се случуваат само на неа. Меси е историја, Бројките се историја, наследството е оставено во името на Лионел Меси, сега да видиме дали Барселона може да најде и создаде некој нов МЕСИ.