Ѓорчевци со ново име во нивните редови засилувајќи се за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП и официјално го промовираше Бразилецот Мател Лемос Да Силва.
24-годишниот Бразилец доаѓа од бразилскиот шампионат меѓу „лавовите“ засилувајќи го средниот ред на тимот.

Како што е познато, претходно тимот од Ѓорче Петров се засили и со Јован Попзлатанов, Стефан Лазаревиќ, Кристијан Костовски, Љавдрим Фазлиу, Филип Мишевски, Филип Костовски, Балша Бановиќ, Димитриј Димитриевски, Кристијан Ивановски и Абу Камара.
Дали со ова е комплетиран тимот на Ѓорчевци или ќе изненадат со уште некој трансфер засилување останува да видиме за овој преостанат дел од трансфер периодот кој е при самиот крај.