ЖЕЛБА СЕ ИМА, УСЛОВИ СЕ ИМА, РЕЗУЛТАТИ СЕ ПОТРЕБНИ, КАРАКТЕР ПРЕМА ДРЕСОТ НАЦИОНАЛЕН ФАЛИ!!!!
Денес во СРЦ “Јане Сандански прес одржа раководството на КФСМ како и селекторот на националниот тим Драган Бајиќ. Раководството на федерацијата е крајно разочарано од односот на Нено Димитеијевиќ како и младите Наумосвски и Боцевски кои не се јавија на повик на селекторот Драган Бајиќ.
Драган Бајиќ:
Mоментално е во ситуација која ниеден селектор не ја посакува, проблеми околу составот со повредени и кошаркари кои одбиваат да играат за националниот дрес. Во една таква ситуација тој верува дека сепак дека ќе изборат пласман во квалификациите. Драган Бајиќ: за националниот дрес треба да се гине и да излеземе со крвави колена, ако некој е подобар ќе пружиме рака како што е редот спортски но кожата скапо ќе ја продадеме за да се случи тоа, и покрај сите проблеми кои во овој момент ги имам во поглед на играчкиот ростер верувам дека ќе дојдеме до посакуваната цел.
Владимир Георгиевски:
Генералниот секретар на прес конференцијата ги искажа активностите на федерацијата во текот на летниот период како организатори на Џеленџери и популаризирање на самиот спорт за секаква годишна возраст како и сите работи кои следат. Вредно е да се напомене дека и салата во ,,СРЦ КАЛЕ” ги има потребните услови од ладење до греење како и реновирани тоалети и осветлување, и во иднина се најавува дека во КАЛЕ ќе биде новиот кошаркарски храм.
Тодор Гечевски:
За мене не е сфатливо како еден спортисти во нашата ситуација кошаркар да не сака да го носи нациналниот дрес на својата земја и да се обиде два милиони луѓе да направи среќни. Низа примери има дека години никогаш не се пречка или било каква друга препрека кога е во прашање националниот дрес. Но ќе треба време да ги сфатиме ваквите одлуки а времето ќе покаже кој е одговорот на ваквиот однос на поедини кошаркари према националниот дрес.
Перо Антиќ:
Разочарани сме, направивме се што треба од повик до повик, од менаџер до менаџер но конкретен одговор од Нено нема зошто не се појави на 28 на прозивка за престојните претквалификации.Не се лутам на никого особено НЕ на Нено иако се ова е несфатливо, Нено го познавам од мал и го советував дека сега е негово време да биде лидер на националниот тим во наредните 10 години, не знам зошто не сака да игра(а)т за селекцијата. Ќе видиме во иднина како ќе се одвиваат работите и што ќе се случува со сите кошаркари кои на некој начин покажаа непрофесионалност кон дресот и нацијата, ќе мораме сите да почекаме па и да се најде начин сето ова да се разбере.
Претквалификациите ќе се одржат од 12 до 18 Август додека нашите противници се селекциите на Словачка и Швајцарија кои ќе се борат за борба во квалификациите за претсојниот голем собир.