ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • Feyenoord – Nijmegen: T12+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » Одложен стартот на спортската емисија ,,ПОЛН ПОГОДОК”

Одложен стартот на спортската емисија ,,ПОЛН ПОГОДОК”

9 август, 2021 11:24 Коментарите се исклучени на Одложен стартот на спортската емисија ,,ПОЛН ПОГОДОК”

Денеска требаше да започне 7 – та сезона на спортската емисија ,,ПОЛН ПОГОДОК” која се емитува на ТВ Сонце но сепак тоа денес нема да се случи. Поради низа причини од секаков карактер стартот ќе го одложиме кој обично ни беше репер почетокот македоснкиот фудбалски шампионат.

Наидовме на одредени проблеми кои веруваме дека наскоро ќе се решат, но доколку не се најде решние сепак можно е да ги угасиме светлата на самата емисија. Во овие 6 Сезони кои на ентузијасти и луѓе кои сакаат спорт со текот на времето од екипа од 8 луѓе сега сме на 1 ипол човек, сите кои работеле во медиум знаат дека така некако не иде, иако така функционираме веќе подолг период. Од страна на ентузијазам до момент кога ќе побараме некакво спонзорство работите не одат во најдобра насока односно никогаш и не оделе во добра насока.

Пласиравме емисии и кога воопшто немаше спортска емисија, се надеваме дека мотивиравме колеги да направат нешто но сепак останавме единствени во реалните проблеми на спортот во Македонија како и информации од истражување до документи кои без размислување ги објавуваме ако сметавме дека прават штета на македонскиот спорт.

Во следниот период ќе направиме напори да започне емисијата но ако не вродат со плод не би знаеле што би следело потоа. Со искрена надеж дека наскоро ќе започнеме и секако информации ќе има до целата јавност околу евентуалниот старт на 7-та сезона на Полн Погодок.

Јавноста треба да знае една одредена работа за нас никогаш не гледавме МАТЕРИЈАЛНО на емисијата само се обидувавме да опстанеме и да можеме да бидеме присутни на секаков начин за доброто на спортот односно затоа и можда никогаш не дојдовме до спонзорства затоа што бевме директни и искрени према спортот, федерациите и се што можевме да изнесеме како спортска информација и одработените интервјуа кои ги направивме. Не трчавме и се продадовме за ништо, иако имавме понуди, како и услови за промена на ТВ КУЌИ но под одредени услови и политики на истите, сепак решивме да не менуваме дрес а најважно да не се продадеме во спортсото известување.

Со Почит 1 ИПОЛ човек од тимот на ПОЛН ПОГОДОК

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content