ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • Feyenoord – Nijmegen: T12+
Loading
Poln Pogodok
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » ПРВО КОЛО ВО ПМФЛ, КАКО ЗА ПОЧЕТОК ,,ТВРДО” ПРВО КОЛО !!!

ПРВО КОЛО ВО ПМФЛ, КАКО ЗА ПОЧЕТОК ,,ТВРДО” ПРВО КОЛО !!!

9 август, 2021 10:51 Коментарите се исклучени на ПРВО КОЛО ВО ПМФЛ, КАКО ЗА ПОЧЕТОК ,,ТВРДО” ПРВО КОЛО !!!

Започна фудбалот во Македонија, се одигра првото коло во кое видовме на шест натпревари исто толку голови, претврдо како за почеток но времето во земјата е пеколно и ако се земе во предвид дека тимовите се уште се опоравуваат од припремите па може и е разбирливо што видовме премалку голови во воведното коло.

Постигнати Резултати:

Тиквеш – Шкендија 0:0

Ренова – Скопје 1:1

Работнички – Борец 1:0

Македонија Ѓорче Петров – Пелистер 1:0

Брегалница – Шкупи 0:0

Академија Пандев – Струга Трим Лум 1:1

Најзадоволни од ова прво коло се тимовите на Ѓорче и Работнички со оглед дека дојдоа до победа и трите освоени бодови. Што се однесува до конкурентите за титула кои бар имаат такви амбиции тимовите на Шкупи и Шкендија мораа да се задоволат со реми на гостувањата во Кавадрци и Штип. Иако по некое правило кога тимот на Скопје игра во првата лига најчесто мислат дека тоа ќе е лесен плен за противниците, тоа во дуелот со Ренова не се случи бидејќи тимот од Автокоманда дојде до бод на самиот натпревар. Пандевци со Струга на домашен терен и под рефлектори дојдоа до реми во натпревар кој бркаа резултатска негатива но до целосен пресврт не дојде.

Многу е рано да ги видиме амбициите на клубовите но во однос на тоа кој како пазареше ќе видиме по едно 10 – кола кој каде ќе се смести на самата табела која вообичаено на старот ќе трпи изменувања како и да се дојде до првична слика околу кој каде сака да биде оваа сезона на табелата во македонскиот фудбалски шампионат.

Премалку како за прво коло, претврдо но сепак кога се излага на терен не смее да се има изговори, впрочем гледаме дека сме сиромашни како лига која се уште нема спонзор како и европските одисеји траат многу кратко како една лоша епизода, но од година во година е се послабо по огромниот успех на ФК Вардар кој успеа да влезе во групите на Лигата На Европа.

Во следното коло број 2 ќе се сретнат тимовите на:

Академија Пандев – Работнички

Борец – Тиквеш

Скопје – Брегалница

Шкендија – Ренова

Шкупи – Македонија Ѓорче Петров

Струга Трим Лум – Пелистер

Сите натпревари се предвидени да започнат во 17 часот, и се играат во Недела 15.05.2021

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

ФОТО ГЛАРИЈА ОД ВЧЕРАШНИОТ СОБИР И ПРВА ПРОЗИВКА НА ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

13 јуни, 2022

Да низ слики, онака шампионски мангупски, насмеани и изненади дека беа пречекани за да им штракнеме по некоја слика и

ДОБРЕДОЈДЕ ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ, ПРВИОТ ЛАВ СЕЗОНАВА ЗА ЃОРЧЕВЦИ

13 јуни, 2022

Со вчерашниот ден и почетокот на припремниот период, тимот од Ѓорче Петров, популарните лавови и освојувачите на куп титулата за

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content