Фудбалскиот клуб Вардар денес ќе одигра нов контролен натпревар. Црвено-црните ќе патуваат за Кочани, каде ќе имаат пријателски натпревар со екипата на Осогово на стадионот ,,Никола Мантов”, кој ќе стартува во терминот од 17:30 часот.
Вардарци се подготвуваат за стартот на новата натпреварувачка сезона, во која ќе бидат дел од втората лига. Ждрепката и распоредот на натпревари требаше да биде познат оваа недела, но истата се одложи за друг термин. Одлагањето е поради неплаќање на поголем број на клубови котиазцијата за натпреварување.
Вардар на последниот контролен натпревар ја победи екипата на Локомотива од Градско. Денеска се очекува добра и фер игра, но најважно е воигрување на тимот кој треба да го понесе товарот оваа сезона во 2 лига, и да најави враќање онаму каде што припаѓа ФК Вардар.