Втора лига се спрема за деби, особено во Западот неколку клуба ќе атакуваат на влез во прва лига, при тоа се напоменува и единствена втора лига за селдната сезона, но ајде за тоа некој друг пат. Котизацијата е преодредена кај нас во секој спорт и тука нема ништо спорно или пак има СЕ спорно, далеку сме од сегменти на професионализам, ама кога ќе дојде котизација за плаќање, необјасниво од кои причини си се бара таа, за да се плати судии контролри, делегати, за што се плаќа, за тоа да се натпреваруваат во втора лига, што добиваат тимовите за тие пари, па и прва лига ако сакате па и било кој спорт ако сакате.
КОЈА Е ЦЕЛТА НА ТИЕ КОТИЗАЦИСКИ ПАРИ ?
Ако ФФМ е организатор на сите лиги, зошто да ги плаќа сите горе спомнати давачки од парите на тимовите,
ЗАР ФФМ НЕМА ПАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА АМА ИМА ЗА 20.000 ЕВРА ЗА ЧЛЕНОВИ НА САМО НАГРАДА !?!?
за каква организација збориме тука, ИЗВИНЕТЕ клубови сами на некој начин сте виновни, ако се прачшувате ЗОШТО? сега и тоа кратко ќе ви објаснам, немате единство, некои клубови зависат или се миленици на ФФМ, немате здружение на прволигаши и она кога ќе дојде избор за претседател не ве есапи ама баш никој зар не, наместо да сте мнозинство на тој избор и да има цел таа некаква котиазција уредно објаснета вие се јадете меѓу вас поради лични интереси, извинете ама ТАКА Е. !!!!
Има клубови кои имаат амбиции и тоа не е спорно ама секогаш тие амбиции мора некако да бидат одобрени, или поминати низ некој филтер на ФФМ со заеднички интерес да градат за некакво добро на фудбалот, ајде тука нема да спомнувам клубови да не се налутат ама има примери, и додека не се соочиме со ова (НЕ)реално општество во секој сегмент од нашето живеење а, особено од спортот тогаш ќе имаме котизации и стартарини за секој спорт.
Финансиски подобро организираните клубови можда и ќе бидат најпогодени доколку се одложи стартот, на некој начин со право клубовите не сакаат да платат и ги разбирам, но што е со распоредот, ждребот и план за натпреварите на тренерите, газдите и веќе да си се приппремат кој со кого игра, ЧИЈА ВИНА Е??? МОЈА, ДЕКА ОБЈАВУВАМЕ РЕАЛНОСТ, или не е важно што е 2 лига па ајде треба да ќутиме, и еве гледам дека нема загриженсот кај никој па со објава дека само е одложен стартот на ждребот друго и не видов, а и што ако видам…баш го негуваме фудбалот и сите придонесуваме од сите страни….
Се надевам нема да замерите ама еве нова фудбалска сезона, истите проблеми, ама коа ќе има соблекувални во употреба или кога навидум ќе отвориме некое теренче за тренинг, за слики и прилики и за помпа сите се тука…веројатно тогаш капе кајмакот на контото, или пак тогаш е се добро се работи, за фудбалот, за спортот… спортот не е некој да дојде од политиката да ви скине лента на камен темелник, или пак да удри некоја лопата, тоа е демонстрација дека имаме моќ и ќе правиме како сакаме со ФУДБАЛОТ во моментот…нема тука закон, нема тука спортски фер плеј, нема тука некаков конечен резултат, одма ама еве одма ви кажувам дека ВИСТИНАТА губи од старт со хендикеп од еден гол а можда и повеќе, нема шанси да дојде до реалната слика.
Така навидум 2 лигашите, клубовите направиле последни контролки, ама за кого се спремаат во 1 коло и после тоа, кој им е распоредот, нема правила и ред, иако сите викаат дека има, нема фер однос кон сите иако викаат дека има, нема професинализам иако викаат дека има…има котиазција, интерес, и она старото ако не си со НАС си против НАС !!!
За крај ФФМ какви информации, ок во последно време имавте ангажман околу селекторските позиции, но што правиме со парите кои ги давате за МЕДИА дел, оној дел бар каде на сајтот на ФФМ треба да има колку толку информации, еве прва лига почна, некако бледо е, нема резултати, стрелци, картони, судии, оценки за судиите, нема следно(и) кола, многу пари пак ли за ништо ќе бидат објавени за АПГРЕЈДУВАЊЕ на сајтот и информации околу МЕДИА ДЕЛОТ…ок ајде коа ќе направите нешто сигурно ќе има пак сликање и помпа што сте сработиле, до тогаш погрижете се некако да почне 2 лига, има клубови кои работат професионално и имаат амбиции, добро вие го знаете тоа многу добро, бар подобро од мене…!!!
АЈТ ДО СЛЕДЕН ТЕКСТ !!!!