Често пати пишував за (НЕ)развојот на женскиот фудбал кај нас, но пишував и за одредени проблеми, таму велат подобро упатените дека се случуваат страшни работи за да се развие женскиот фудбал, мислам на релација федерација – клубови.
Се сеќавам на еден меморандум сликања, споделувања, објавувања, фалења со Норвешка женски фудбал како ќе ни помогнат да се развиеме ама изгледа ги имаме погрешено суплиментите земено па наместо да се развиеме или развиваме на релација ФФМ – ЖФК – Клубови, а едноставно е помагај финасиски не одмагај, се случува некако спротивното во поглед на финансии односно оваа КОВИД нова фудбалска сезона.
Претстојниот викенд започнува првата женска фудбалска лига.
Клубовите од страна на ФФМ се известени дека сами треба да ги плаќаат тестовите пред секој натпревар, односно неверојатни 30 000 до 40 000 денари за секој натпревар.
Имајки во предвид дека женскиот фудбал е во фаза на развој, клубовите не добиваат никаков надоместок при евентуален трансфер, а ФФМ добива сериозни средства од УЕФА секоја година за женски фудбал, навистина товарот за женските клубови би бил неподнослив и тешко дека ќе може да ги покријат трошоците за претстојната полусезона.
Потсетуваме дека ФФМ од страна на УЕФА доби неверојатни 4,3 МИЛИОНИ ЕВРА за помош на клубовите за справување со КОВИД пандемијата.
Од тие пари можете да плаќате тестови и да помогнете на клубовите.
Па добро работава оди слично како вакцините не е морално ама не можеш дома да одиш во ВЕ ЦЕ, или ако нема фудбал со милина ќе има со силина, ако се земе предвид дека не се знае што понатака со 2 лига, идеме од проблем во проблем, од зголемување на давачки до колапс тотален фудбалски без оглед дали е женски или машки.