Секоја политика знаеме дека си има его, егоистичен режим и си го спроведува, и мислев дека само во политиката има режим но грешка сум бил и тоа голема, сите се свесни бар на улица муабетот е следен во политиката владеат СДСМ и ДУИ, додека во ФФМ си владее старата коалиција од време на Илчо ВМРО – ДУИ и после сакаме правда епа нема.
Сигурно знаете за оној назив стар братство – единство, навидум на збор го има ама на дело го нема, зборам за клубовите кои ФФМ добро ги вози низ фудбалските лавиринти наречени котизација, и ако не платат клубовите ќе бидат исфрлени, ако повеќе не платат ќе направат одма на сила една втора лига, тоа е тоа клубови ваше братство и единство, кога ќе ве стават во ќош, ќутите и наведунувате глави, законот кај на ваша страна, не знаете ни тоа да го искористите ни џокерот братство – единство.
Пресови, галама, АМС, држава, ве слушавме со соопштенија како сте сполетни, вака, така и на крај сите легнувате на брашното, клубови за кого бре вие играте фудбал, за кого плаќате котизација, кој е организатор на лигите, за што плаќате котизација, знам да нема сега АРЕНА не пренесува па некако со КОВИД от ФФМ нели благородно искочи во сусрет да не плаќате лани, ама сега. Еве ќе платите веќе сте на пик фатени оние кои не сакаа да платат, ај што е ви удрат ремет ап судии, уште коа ќе ви кажат од свој џеб да платите за тестови, тогаш пак прес ќе свикувате. Организаторот баш ве вози, веројатно некој не разбира добро што значи организатор, организација на некаков настан, лига, кој покрива кој задскрива ама толку се имате уплашено што морате да плаќате котизација.
Фудбал на сила не ни треба, ако не знаете да застанете и реагирате во УЕФА, Лозана, арбитражен суд при МОК кој патем не знам дали постои, а тие се добро воиграни во дупли пас ФФМ-МОК, немате појма како да реагирате, па уште страв ви е клубови да објавите дека ве тераат на сила, на закани да си платите котизација, СРАМОТА ако не може со добро може со сила, па сила на сила се возвраќа велат старите, кога некој некого гази, а ве гази ФФМ како сака и ќе ве гази и пред тоа ве газел, доволен доказ дека сте изгубени во целата битка кога ќе ви покажат сила а вие страв.
Играјте тогаш на сила и плаќајте котизација а ФФМ на крај на сезона со вашите пари е објасни на јавноста колку добар организатор е на лигите. ФФМ како добар и способен организатор веќе бара од државата да плаќа за фудбалот, тоа дека ФФМ за тоа нема пари, хм каков виц нема пари, па се повикува на државата за да си напраат забуна во јавноста.
ФФМ малку доблест да имавте, но тоа е тоа си го терате филмот како што сакате затоа што некој ви допушта иако законите велат едно, вие го терате другото. Каевски, Наумче се едно исто сликање, ќе биде, товари магарето и после скриј се.