Вчера се крена галама во однос на второлигашката котизација по цена да направат една лига. Колку е тоа правилно, легитимно, транспарентно само ФФМ знае и за нив е но добро тие видовме дека за СЕ се во право и ги знаат и владеат сите закони, односно како нив им одговара.
Вчера Полн Погодок објави дел од транспарентноста на ФФМ во однос на котизација на 2 ЛИГА ако не ќе ги исфрлат, покажување мускули, па би сакал да прашам дали ФФМ има намера на јавноста да посочи на колку клуба дала средства да ја платат котизацијата, или пак да одиме чекор подалеку со нивната транспарентност дали имаат намера да објават кој уплатил котизација од прва лига, и дали ако платат и прва и втора лига ќе се поделат некој бонус како што умеат само тие дека завршиле добра работа, да земат пари од клубовите?
Јавноста заслужува да знае и прва лига кој платил 12.000 евра во однос на она вчера што го објавивме за 2 ЛИГА И нивните 8. 000 евра котизација. Се е транспаренто за ФФМ, институциите, спортските институции, затоа и нема што да се буниме во име на новинари и фк клубови, но еве ФФМ бидете доследни и објавете кој од прва лига од тимовите имаат уплатено, нели сте за фер плеј и транспарентост.