Почна фудбалската сезона, но кој можеше да предвиди дека одма на стартот по првите воведни 4 – кола ќе се галами против судиите, и сега реалтивно е кој е во право, кој не е, грешки се прават и секогаш ќе ги има, но зарем е тешко да се разбере дека капацитетот е тој, од организација, до делегирање, до водење на федерација и сега сите сме криви што е до тој степен, но тоа е сосема друга тема. Малку е срамота сега сите тимови фрлаат со камења кон Академија Пандев, имале помош, лани биле оштетени и одма најлесно е да се пишува соопштение зарем не…но нели е се тоа патетика додека не се седне на емисија и се расправа за спорните моменти во фудбалот…е тоа е главно прашање зошто го немаме, додека за патетики и соопштенија и деманти сме први налик на политички партии кои се препукуваат кој украл повеќе треба да се види и реалната слика а таа е дека ова е КАПАЦИТЕТОТ ЗА СЕ !!!
Многу фактори влијаат од тоа дека следна сезона мора да се воведе ВАР СИСТЕМ каде сите наши соседи и регионот го имаат, до она да се погледнат во очи вложувачите во фудбалот, со судиите и тренерите да дебатираат за грешките и негрешките во тек на еден натпревар. За фудбалот се дебатира исто како и за грешките, но имаме проблем со ЕГО кое ете немаме ништо освен бледи соопштенија овој е награден додека друг тим е украден. СРАМОТА Е ДУРИ ДЕЛУВА И ПАТЕТИЧНО бар дека е почеток на првенство, бевме навикнати на ова некаде во вториот дел од сезоната и некаде при крај кога завршува првенството, но вака на старт на сезона до сега и да немам видено со фрлања на камења и отровни стрели клуб протиб клуб а на удар судиите, а само малкумина можат да видат дека тој е КАПАЦИТЕТОТ!!!
Покрај ВАР системот кој го има цел регион, цел регион имаат и дебатни емисии по секое завршено коло, обично идат во Понеделник, барем во Албанија, Косово, Србија, Хрватска и Бугарија ги имаат овие моменти, што е тоа тешко толку богата федерација да создаде ваков проект кој ќе биде бенефит за тимовите и судиите да разговараат за натпреварите, па што е 90 до 120 минути разговор еднаш неделно, порано барем се трудевме да го следиме трендот на регионот сега ни тоа не можеме, барем ВАР системот и спортските дебатни емисии за домашните првенства ете се покажа дека не може да го следиме.
Со фрлања каменња не се обезбедува опстанок, нити се освојува титула, се знае каде се збори најгласно на зелениот терен, потоа за сите останати работи постои дебата, казна и награда, кој оценува судии, кој делегира судии, кој со кого си го има муабетот, и тука сме познати зарем не, клуб со клуб да се пишуваат патетики од соопштенија не оди, па луѓе старт на сезона е ОЧИ СИ ИЗВАДИВТЕ…на кого му одговара ваков фудбал само се прашувам… дури и на мене како жесток критичар кон работата на ФФМ не ми оди и се срамам одма да пишувам за ваквиот момент на организација на прволигашко првенство.