Вчера пишувавме за млади дебитанти во нашата прва фудбалска лига, но сега е прашање дали сите го видоа и увидоа квалитетно на 17 годишниот голман на Македонија Ѓорче Петров, во името на Стефан Тасев.
Ако се навратиме назад и баш не знам дали ќе најдеме толку млад чувар на мрежите да добие повик за У – 21, добрата работа на Ѓорчевци ја препознаа сите, сега е на Стефан да се избори и за прв чувар на мрежата за У – 21, зошто да не, ако не сега кога, кога е викнат сигурно ќе “гризе” да се покаже во најдобро светло.
Не е обична или мала работа на таа возраст да дебитираш во прв лига и да добиеш повик за У-21, значи има нешто голманско во младиот Стефан, па Стефан со среќа и само храбро.