Денеска по малку одложување, малку на сила и малку на ќе видиш ти ако не платиш котизација започнува втората лига која е поделена во Исток и Запад, но по се изгледа ако на некого му се допадне исходот на местата најверојатно следната сезона ќе гледаме една 2 лига. Игри имаше уште пред самиот старт а тие игри ќе ги има и тоа како во текот на оваа сезона, па уште од сам старт ФК Вардар игра натпревари надвор од зелениот терен, односно новот раководство наиде на ХАОС оставен од претходното па ете има проблеми да со регистрација на играчи. Имаше многу менаџери и многи ЗНАЛЦИ донеси толку да добиеш исписница за кој никој нема храброст да зуцне дури ни самите фудбалери и нивните родители па ако се чудите зошто се влечат проблемиве тоа е поради хаосот оставен од експертите од она раководство кое направи успех но донесе многу поголема штета на клубот од што може да се замисли.
Тргнува ФК Вардар со проблеми, но тоа не е ништо ново, од сите проблеми до сега црво црните излегоа како победници, па зошто и овој пат да не биде така, ако онаа парола прва, втора, трета, општинска каде и да си со тебе сме ВАРДАРЕ, тогаш и со младинци и петлиња ќе надминеме ваков оставен хаос да се среди кој е направен од експертите. Но потешко ќе се надмине овој пат од причина што некако психички во 5 до 12 се уште не се знае дали ќе се регистрираат па и 2 коло одма гостување во Кратово, јасно е дека за ФК Вардар одамна е почната сезоната и тоа можда добро смислена или осмислена да тргне се хендикеп па после бори се ако можеш со главните конкуренти во тимовите на Силекс и Вошка Спорт.
Проблеми или не тоа е предизвикот, кој за кого ќе игра и тоа не би требало да го интересира најголемиот клуб во МАКЕДОНИЈА, едноставно треба и овој пат да се издигне колку и да е тешко над се ова, над сите овие проблеми…иде ВАРДАР, ТРГНУВА од Дебар против Кораб па треба да покаже многу повеќе од се до сега, најпрво враќање, потоа усовршување и конечно да дочека напатениот ФК ВАРДАР управа која ќе работи за клуб, за фудбалерите и да е тука во победа и пораз, а не како до сега кога ќе се искористи се што може од името да се тргне па и да се остави да тоне…РУСКАТА ЛЕКЦИЈА Е ГОЛЕМА И ТРЕБА ДА ЈА НАУЧИМЕ, не само ФК Вардар и останатите клубови, како и не само фудбалот како спорт туку и сите останати.