Шалке се врати во бундес, УГЕ славеше, ќе се врати ли и нивниот побратим Вардар и Копот Комити во Прва лига, за вчерашниот натпревар вреден победа за задржување на шансите, но дојде време Вардар да се надева на Силекс при тоа мора да победи со Кораби, ќе биде ова тешка недела до почеток на тој натпревар во Кратово но на ФК Силекс да му се верува некако бар мене не ми оди, лично, личен став е ова некако не ми оди, од следниве причини:
Силекс си ја заврши работата и целта се врати во Прва Лига.
Нивно право е како ќе одиграат со Воска.
По тој натпревар кој сигурно ќе се штедат после 5 дена имаат куп финале.
Вардар и ако понуди премија за победа, може на Воска да е поголема.
Силекс нема релации со Вардар, напротив има ривалство и апатија од минатото, тука нема да има емоции, кој со кого се познава, ако фудбалот го водат парите тогаш премиите понудени за СИЛЕКС ќе биде наддавање, затоа кажав нема да е мирна недела.
И нема гаранција дека Вардар ако понуди премија дека Силекс Ќе победи, а Воска има што да понуди како премија.
Кои се следниве 5 до 6 дена можностите на ФК Вардар, сепак авторско мислење лично:
На тој дуел во Кратово Окупација од 2 до 3000 публика, барем тука ќе види клубот на што е, односно навивачите и Комитите, која премија е поголема или ќе има фудбалска чест во име на градење реакции.
Тимот мора да мисли на Кораб да победи во гости а знаеме дека ќе мислат на резултатот со Силекс.
Да се надева дека Силекс нема да си даде автогол, како со Струга минатата година односно последната нивна кога беа прволигаши па им се одби од глава и испаднаа во втора лига во бараж против ФКТИКВЕШ.
Фк Вардар не смее да мисли и да падне на фол дека Силекс па и раководството иако има добри момци таму дека ќе им помогнат и доколу заврши тој дуел во Кратово нерешено дека дале се од себе.
Главната цел и поента на Силекс е исполнета, и дека 100 отсто ќе влезат во тој дуел со Воска не верувам, особено после дуелот во АВТОКОМАНДА каде Силекс и се виде фудбалското штедење за 20 Мај, не дадоа 100 отсто од можностите а причината е јасна имаат Куп Финале и затоа не би верувал и ослонил дека нешто со Воска ќе се промени.
Овие работи кои се лични, авторски немаше да бидат доколку Распоредот на крајните кола не беше овој, односно последно Коло да играа Вардар – Силекс, а пред тоа Силекс – Воска, ќе знаеше ФК ВАРДАР на што е и ќе видевме колку Силекс ќе одиграше за да се надева Вардар или пак да градат релации како лути ривали од минатото кој има само апатија, возење џипови по терен, итн…
И за крај Фаќањето на 2 до 3 играчи во втора лига е рутина или некаков нов стандарт ако се сака да се успее во амбициите, после немој фудбалски газди да кукате дека фудбалот во Македонија не е профитабилен, да ова нема врска со написот ама има врска со реалната слика во втората лига, зошто некои клубови онака им е мерак да играат втора лига, а следната сезона топтан од 16 екипи.