ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПОВИКУВА СИТЕ НА СТАДИОН ДО НОВА КУП ТИТУЛА!!!!
Тимот на Македонија Ѓорче Петров повикува на подршка за натпреварот кој следи а влогот на тој натпревар секако дека е голем, колку голем само, излез во Европа како и титула во Куп натпреварувањето.
Ѓорче повикува сите на стадион со тоа што веќе и поставија билборд на почеток на самата населба како поголема мотивација за 20 Мај за играчите и самата публика да дојде во што поголем број.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров кој раководството направи одличен потег со давање шанса на младиот тренер Мухарем Бајрами се и ги препороди особено во 2 дел од сезоната.
Македонија ЃП има противник во тимот на Силекс кој и е бранител на титулата од минатата година, па затоа и напоменавме дека влогот е голем за двата тима, а само еден тим може да биде шампион и да излезе во Европа.
Купот е посебно натпреварување во секоја земја па така и кај нас титула која дава голем престиж и мотив за самите клубови, играчи и сите оние кои инвестираат во фудбалот, впрочем за оние кои не знаат во Англија каде се претпоставува дека и започнал фудбалот најпрво се случувал куп па потоа е осмислена лига, купот потоа ставен во екот на една фудбалска сезона со огромна почит затоа што токму од тука и започнало се, па затоа и оваа титула има голема тежина кога ќе ја освои еден тим.