Тетовче заврши со тимот на Сараево, можда и времето беше прекратко но клубот ја прифати оставката пред самото финале во купот.
Екипата на Сараево повторно ги разочара своите фанови, откако на свој терен ремизираше во големото градско дерби со Железничар, со резултат 1-1.
По завршувањето на дуелот, македонскиот стратег Александар Васоски, ја презеде одговорноста за ремито, но и за лошите резулати во последниот период и си поднесе оставка. Поранешниот македонски репрезентативец не ги постигна резултатите што се очекуваа од него на клупата на Сараево, па реши дека е време да си замине.
Управниот одбор на Сараево на чело со претседателот Исмир Мирвиќ експресно донесе одлука да ја прифати оставката на македонскиот стручњак и му се заблагодари на соработката. Покрај Васоски клубот го напуштаат и неговите соработници Раденко Бојовиќ и Михајло Костиќ.
Александар Васоски покрај во Сараево и Академија Пандев работеше уште во тимот на Вардар.