Актуелната „хет-трик 5“ програман на УЕФА има вкупен буџет од 775 милиони евра за актуелниот четиригодишен циклус од 2020 до 2024 година, а УЕФА денеска на Конгресот во Виена донесе одлука за зголемување за дури 21 отсто или за 160 милиони евра, па следната програма ќе има вкупен буџет од 935 милиони евра.
Ова значи, како што информира УЕФА, секоја федерација од 55-те земји членки за проекти за развој ќе имаат достапни до 17 милиони евра во тој четиригодишен циклус за најразлични проекти од грасрут масовниот фудбал за момчиња и девојчиња, социјално одговорни програми, едукација за тренери, судии, подобрување на инфраструктурата од изградба на терени, стадиони, тренинг-центри или административни згради…
ФФМ веќе усвои план за изградба на репрезентативен стадион со капацитет до 12.000 гледачи во скопската населба Аеродром до куќата на фудбалот и оваа одлука ја изгласа Управниот одбор, а наводно изградбата на стадионит треба да чини околу десетина милиони евра.
Инаку, УЕФА хет-трик програмата за помош на фудбалските федерации ја воведе во 2004 година, а ов ваква програма ФФМ доби административна зграда и тренинг-центар, откако европската централа на сите членки во 2008 година им даде по шест милиони евра за ваква намена, а четири години потоа конечно беше изградено седиштето на фудбалската организација во скопски Аеродром.
УЕФА од воведувањето на оваа „хет-трик“ програма досега има дадено 2,5 милијарди евра во развојни проекти во Европа.