Синоќа на програмата беа два натпревари од НБА лигата односно плеј оф разигрувањето, каде Милвоки Бакс беше подобар од Бостон Селтикс со добра одбрана во крајните секунди обезбедија победа и поведоа со 3 – 2, додека Мемфис Гризлис го изненади Голден Стејт Вориорс особено ако се знае дека Џо Морант најдобриот поединец поради повреда ја заврши сезоната.
Во исчекување на финале на конферециите имаме ситуација каде сите подобро рангирани тимови во овој момент водат и се на само една победа до конференциско финале.