ИСПРАТИ СМС НА 145-454 СО ТЕКСТ: tap ppd

  • Facebook
  • YouTube
Poln Pogodok
  • Вести
  • Анализи
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Вести
  • Анализи
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
ПРЕДЛОГ ТИП:
  • FK VOZDOVAC – PARTIZAN: GG
Loading
Poln Pogodok
  • Вести
  • Анализи
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
  • Вести
  • Анализи
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
Дома » Вести » РАФА ПОБЕДИ И НАПРАВИ РАФА ПОТЕГ СО ,,ИСЧЕЗНУВАЊЕ”

РАФА ПОБЕДИ И НАПРАВИ РАФА ПОТЕГ СО ,,ИСЧЕЗНУВАЊЕ”

12 мај, 2022 15:28 Коментарите се исклучени на РАФА ПОБЕДИ И НАПРАВИ РАФА ПОТЕГ СО ,,ИСЧЕЗНУВАЊЕ”

Рафаел Надал се штити и штеди колку што може пред Ролан Гарос и Вимблдон па го снема повеќе од еден час откако го победи Американецот Џон Иснер

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот во Рим, откако лесно го совлада Американецот Џон Иснер со 6:3, 6:1, и потоа „се зазгуби“.

Шпанецот веднаш по мечот стапил во контакт со својот тим и побарал итно да му најдат терен за тренинг. Така тој практично не го оставил рекетот, туку само продолжи на следниот терен да се подотвува за продолжението на турнирот и за потенцијална средба со светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ.

Поради тоа новинарите го чекаа повеќе од еден час на прес-конференцијата, по што дојде и по извинувањето објасни што се случило и со какви проблеми се соочува.

Според него, тој сакал да биде што подолго на теренот, за да ја најде вистинската форма пред Ролан Гарос.

-Јас сум јасен откако се вратив на теренот. Работам  напорно за да дојдам во вистинска форма и да се чувствувам подобро на теренот. Морам да го надополнам времето што го пропуштив поради повредата, се наближува Ролан Гарос.  Единствениот начин да се стигне до целта е да се работи. Натпреварот со Иснер не беше физички напорен, чувствував дека се уште можам да работам. – изјави Надал.

Новинарите во „вечниот град“ го прашаа Надал и што мисли за потенцијалното одземање на бодовите на Вимблдон поради санкциите кон руските играчи.

-Разбирам дека ова е важна тема за медиумите, но сега сме во Рим. Роланд Гарос па потоа и Вимблдон ќе започне за неколку недели. Наше е да го заштитиме интересот на секој играч, нема совршено решение и мислам дека многу поважно е овие работи да се решат внатре меѓи организаторите на турнирот и АТП, заклучи Надал.

Igor Aleksandrovich |Види ги сите вести од Igor Aleksandrovich


« Претходна
Следна »
Анализa

Анализа на дуелот: Штудгарт – Б. Дортмунд

9 април, 2021

Анализа: Штудгарт – Б. Дортмунд Минатата сезона Штудгарт ја освои промоцијата во Бундеслигата и следната сезона може да заврши во

Анализа на дуелот: Парма – Милан

9 април, 2021

Анализа: ПАРМА – АС МИЛАН Парма ќе биде домаќин на Милан на 30-тиот натпревар во италијанската Серија А, со тоа

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Facebook
Полн Погодок
МЕНИ
  • Вести
  • Анализи
  • Нов Билтен
  • За нас
  • Контакт
КОНТАКТ

071 258 624

[email protected]

Одговорност

Одговорно обложување

Политика на приватност

Powered by Widnet Solutions
© Полн Погодок. Сите права се задржани.
Scroll to top
Skip to content