Сузуки снема ,,гас” па размислува сериозно да се повлече od МОТО ГП со тоа што ја истакнува кризата во финансиска смисла. Ова е удар за самото натпреварување но и за тимот и нивните возачи на потег е МОТО ГП како ќе се справи со оваа веќе видена ситуација од страна ја јапонскиот производител СУЗУКИ
Раководството на Сузуки официјално потврди дека сака да се повлече од МотоГП шампионатот и веќе побарало раскин на договорот.
Актуелната економска ситуација е главна причина за ваквиот потег, а во Сузуки истакнуваат дека мора да ги алоцираат ресурсите поради големите промени и кризата во автомобилската индустрија.
Сузуки го напушти МотоГП и во 2011 година, четири години подоцна се врати на елитната сцена, за во 2020 година да ја освои титулата со Жоан Мир.
Сезонава Сузуки има само два моторцикла во конкуренција, а во моментов Мир е на шестото место, додека Алекс Ринс е на четвртата позиција.