Филммејкерот Брајан Фогел и неговиот документарец ICARUS за системското допингување на кое случајно налета во неговото истражување.Тоа што го откри е навистина поголемо од неговата идеја во која првично сакаше да прикаже на јавноста колку тежок спорт е велосипедизмот и кои трикови ги користат за подобри резултати а да не бидат фатени со тоа што допингот ќе го примени на него.
Тука може и да го погледнете официјалниот тизер па ако е доволно предизвикувачки за вас погледнете го филмот ќе ве остави со подзината и отворена уста и каква е сурова вистината за добри спортски резултати и колку е вмешана политиката во целата приказна.
Овој документарец може да го погледнете на платформата НЕТФЛИКС но и може да го симнете преку страните за филмови кои ги нудат провајдерите, впрочем ова е и една нова содржина од нас за вас во која ќе се обидеме да ви прикажеме вакви предлог спортски документарци кои стварно вреди да се погледнат а се поврзани секако со спортот.