Кошаркарите на Мајами се пласираа во финалето на плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако во шестиот натпревар ја совладаа Филаделфија со 99:90 и славеа во серијата со 4:2.
„Жешките“ беа предводени од Џими Батлер со 32 поени, осум скокови, четири асистенции и две блокади, додека во редовите на Сиксерси прв стрелец беше Џоел Ембид со 20 поени и 12 скокови.
Мајами во финалето на Истокот ќе игра против победникот од дуелот Милвоки – Бостон, во чија серија моментно водат Бакси со 3:2.
Во полуфиналето на Западот, играчите на Далас израмнија на 3:3 против против Феникс во шестиот натпревар.
Најзаслужен за триумфот на Маверикси беше Лука Дончиќ со 33 поени, 11 скокови, осум асистенции и четири украдени топки.
додека кај Санси доминираше Деандре Ејтон со 21 поени и 11 скокови. Во второто полуфинале на Западната конференција, Голден стејт води со 3:2 против Мемфис.
НБА плеј-оф, резултати –
Филаделфија сиксерс – Мајами хит 90:99 (2:4)
Далас маверикс – Феникс санс 113:86 (3:3)
Најдобрите моменти од дуелот каде Мајами го победи тимот на Филаделфија.
Шоуто на Лука Дончиќ и изборената Мајсторка.