Еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња, Рони О‘Саливен не размислува за пензија. Тој пред десетина дена дојде до седмата светска титула откако во финалето во Шефилд го совлада Џад Трамп со 18:13.
- Имам 46 години, наскоро 47, а сознанието дека сè уште можам да освојувам титули ме убеди дека можам да имам уште пет пристојни години. Мислам дека не можете да паднете под радар преку ноќ од освојувањето на шампионската титула. Ова всушност малку ја зголеми мојата самодоверба, изјави О’Саливен за „Еуроспорт“.