Ерлинг Халанд пред два дена го комплетираше трансферот во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд.
Промоцијата се очекува по завршувањето на сезоната, а Сити ја активираше откупната клаузула и за него ќе плати 75 милиони евра плус 60 милиони како провизија на агентите.
Во договорот со Манчестер Сити Халанд ќе има излезна клаузула во износ од 150 милиони евра, открива германски „Билд“, која би божела да биде активирана само пред третата година од неговиот договор со Сити.
Медиумите тврдат дека оваа клаузула е „про Реал Мадрид“, кој во 2025 година ќе има можност да го донесе Норвежанецот за споменатата сума.