Конечната разврска во Втората македонска фудбалска лига ќе се знае попладнево, дојде време да мислиме дека е интересна или повеќе од јасна завршницата, за тоа кога ќе се одиграат натпреварите од последното 27. коло од тековната сезона.
Фк Победа и Фк Силекс уште минатата недела го потврдија кам-бекот во елитата. Останува да се пополнат уште две места, кои ќе ги дадат имињата на екипите кои преку баражот ќе бркаат место во најдобриот македонски шампионат, таму веќе ги чекаат тимовите на ФК Тиквеш и Фк Скопје.
Фк Воска Спорт и Фк Вардар се кандидати во ВМФЛ-Запад, а Беласица и Слога Виница водат „мртва трка“ во ВМФЛ-Исток. Охридскиот второлигаш не треба да загуби на гостувањето кај лидерот, а вардарци ќе се надеваат на кикс и со победа над Кораби ќе сонуваат за пласман на второто место на табелата. Од другата страна Слога ќе има тешка задача и ќе ја пречека Победа, а Беласица ќе гостува кај Кожуф од Гевгелија, во надеж дека ќе го одбрани налетот на својот ривал.
Велешта, Кадино, Братство и Локомотива испаднаа ранг подолу. Последна надеж имаат Осогово, кој заостанува два бода зад засега безбедниот тим на Пехчево, и Кораби, кој го брка Охрид.
Сите натпревари од ВМФЛ се играат денес во терминот од 17:00 часот.