Фк Осогово се жали по лошиот резултат и зошто до сега се молчи, молчело другите клубови, за овој случај, зошто се молчи што се случувало по натпреварот ако има правда треба да се стави на кантар за сите случаеви е не само од интерес за некој клуб, во случај со Фк Осогово кој има 90 годишна традиција но клубот се некако нема правилна насока во водењето кон поголеми дострели.
Екипата на Осогово сонува опстанок во ВМФЛ-Исток и во последното коло ќе се надева на кикс на Пехчево за да остане меѓу второлигашите и наредната сезона.
Во пресрет на последното коло од тековната сезона, клубот од Кочани поднесе жалба до Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Управата на клубот алудира на прекршување на одредбата од член 10 став 3 од правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери за натпреварувачка сезона 2021/22.
Осогово бара да се разгледа случајот со Иван Настевски, кој моментално настапува во Детонит Јуниор. Овој фудбалер во текот на сезоната промени три клуба, а притоа влијаеше на резултатите на својата сегашна екипа во битката за опстанок.
Жалбата не е поднесена во предвидениот рок, но од клубот се надеваат дека Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи според правилникот.