ЗАВРШНО КОЛО, ДЕНЕСКА ОД 17 ЧАСОТ ЗАВРШУВА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНАТ
Да денес 33 – то коло, завршно коло, дуели без многу возбудувања, иако ќе има добри работи во него, барем така насетува ме, нема место за поправен за ниеден од клубовите, бодовите се тие, шампион, европа, бараж, и тимови кои се селат во 2 лига.
Што останува по ова фудбалско коло, ждреб во Вторник за баражот кој ќе остане или влезе во прва лига, ги имаме 4 – те тима во имињата на Воска, Беласица, Скопје и Тиквеш, потоа следи фудбалски големото финале или шлагот на сезоната финалето на фудбалскиот куп на Македонија помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Силекс, за потоа за 7 дена од сега да ги видиме и последните два дуели за да ја дефинираат следната сезона како ќе изгледа првата лига.
Фудбалска сезона со многу пари, некои тимови ги чинеше премногу во финансиска смола па можда и целта им е оправдана или неоправдана, малку време има за анализа затоа што се што се случува во фудбалот е брзо.
Сезона на судиски грешки, на многу соопштенија и оправдани или неоправдани од клубовите, по некој инцидент некој се знае некој не, не смее да се дознае, ФФМ мора да ја согледа секоја ситуација иако тешко е денес кај нас во Македонија да дадеш добра критика па и лоша.
Финансиски фудбалот е подигнат, квалитетот е тој што е, за нијанса ниво делува дека нивото е подигнато поради поголемите суми кои се вложуваа иако се виде дека некои тимови и со добар буџет од 500.000 евра паднаа на испитот.