Денес на националната арена “Тодор Проески” се одржа прес конференција за утрешното финале во фудбалскиот куп на Македонија. На самиот прес присуствуваа двајцата тренери Горазд Михајлов и Мухарем Бајрами како и капитените Ермедин Адем и Даниел Божиновски.
Пред се тренерите истакнаа дека здравствениот билтен е одличен и дека секој сака да игра куп финале како и дека веќе ги имаат тимовите во глава до кои 11 ќе истрчаат но не сакаа премногу да откриваат. Покажаа меѓусебен респек за досега стореното во лигата како и патот до ова куп финале.
Кога сме кај куп финалето за Тимот на ФК Силекс ова е 5 – то финале и се бранители на титулата која ја освоија минатата година, со друг тренер и изменет тим, но имаат 3 титули зад себе со еден пораз во финалињата, од друга страна за тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров ова е 4 – то финале каде оваа титула ја немаат освоено 16 години, имаат една титула и двапати се поразени во куп финалињата.
Капитените на екпите ги потврдија на некој начин зборовите на тренерите дека се спремни и дела токму секој има право да мисли дела ќе го освои финалето. Тренерите на двата тима исто така дека сметаат кој и да освои ќе биде заслужено и штета што нема опција по овој двата тима да се најдат во Европа бидејќи и двата тима заслужуваат.
На новинарско прашање тренерот на Македонија Ѓорче Петров Бајрами истакна дека е благодарен за шансата и како од натпревар во натпревар растеа амбициите и во првенството и во куп натпреварувањето, потенцираше дека позади него и овој идпеч стои раководството како и неговите помошници Тони Џангсровски, Виктор Ивановиќ и Перо Костовски, и дека сите се заслужни за се ова што се случува од првиот до последен човек во клубот.
Исто така Горазд Михајлов делува поискусен позади него има како тренер две финалиња во купот, со тимот на ФК ТЕТЕКС едно освоено и едно загубено па се повика на изреката зошто да не биде трета среќа, како и дека веќе во неговата глава има од прилика како би изгледал натпреварот, што потенцираше дека тимот е анализиран до најмал детал.
Тренерите беа и прашани дали тренирале пенали, секако дека се е анализирано па така и пеналите иако тоа е еден рулет каде секој може да победи, еден факт е дека Силекс до ова финале изведуваше пенали само еднаш додека тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров изведе и погоди 14 пенали односно нивниот пат беше доста тежок против Академија Пандев, Шкупи и Струга го ова финале со голема борба и на крајот пеналите пресудија.
Респектот беше евидентен помеѓу екипите иако веќе се насетуваше ривалството во воздух и нетпрението до почетокот на самиот натпревар, па подобриот нека победи, подобриот тим ќе биде шампион, како и влогот излез во Европа кој е важен за двата тима.
Па сите љубители на фудбалот утре ќе може да го следат натпреварот на националниот канал “МТВ” но и еден повик на сите кои сакаат да бидат дел од натпреварот да дојдат на нашата национална арена “ТОДОР ПРОЕСКИ” натпреварот започнува од 18 часот.