ЃОРЧЕ Е ЃОРЧЕ, ШАМПИОНСКИ СЈАЈ НА ЕДНА ЛУДА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
Играта ќе се заборави
шампионот ќе се памети,
Играта ќе се заборави пеналите ќе се паметат,
Играта ќе се заборави одбранетите и погодените пенали ќе се паметат,
Играта ќе се заборави Ѓорче ќе се памети како 29 – от освојувач на куп титулата.
НАТПРЕВАРОТ
Обично давам анализа, коментирам тренери, коментирам се живо кога е во прашање фудбалот, ама од толку хејтање како било, каков бил македонскиот фудбал, итн, тактиките на тренерите и се живо и диво што коментирам кога е во прашање фудбал, овој пат ќе се воздржам, од многу причини и ќе продолжам да се радувам на оваа титула на Македонија Ѓорче Петров.
НЕДУОМИЦА
Слушам илјада и една приказна, како сум го промовирал Ѓорче, како ми плаќале, итн, итн, ДА точно е ми плаќа со емоции од мојот татко до мојот брат, од сликите во стадионот до првичниот изглед на стадионот па до ден денес. Ми плаќаат со почит и респект а јас го возвраќам кусурот на истиот начин, највеќе паѓаше во очи ЃОРЧЕ ГАЗИ сите замижуваат, ЃОРЧЕ играше оваа сезона и се издигнуваше и се потивки беа гласовите дека победуваа, не победуваа газеа со 13, до 14 играчи, затоа и кажав дека ни натпревар ни тактика, нити пак противник ќе коментирам зошто натпревар како натпревар беше слаб и многу се драмеше за одредени сегменти но ај да се воздржам.
ИСКРЕНАТА РАДОСТ ПО ОСВОЕНАТА ТИТУЛА
Е тоа причината за овој текст, сакв да останам скроз нем, но вечерта и радоста кога ќе видиш нешто искрено и спој на души од Македонци, Албанци, Турци, Роми, сите кои се во и до клубот од песните кои се пееја од сите жанрови и единството во пеењето, е тука некаде ми плаќа Ѓорче, е ќе се памети оваа искрена радост и искрена титула освоена со многу мака и патот до дена, патот до финалето.
ШТО ПОНАТАКА
Што понатака? Европа, тим, засилувања, борба и веројатно ќе остане уште поголема мотивација на противниците да го победат Ѓорче, да го исфрлат од купот и да се обидат да се наситат на овој освоен сјај, но тоа е фудбалот се менуваат работите, има подеми и падови, Ѓорче ги имал, ќе ги има и се изборувал како знаел со сите тие работи.
МУХАРЕМ БАЈРАМИ
Јас не паметам вака тренер да освои титула, не паметам вака да се избори и да се преземе тим на кој не му одеше ништо, и да дојде под огромен притисок да подигне на овој начин, би рекол него единствен начин затоа и доби прекар од мене “ГОСПОДИН ФУДБАЛ” сега е на него да се избори следна сезона со многу предизвици, дека секој сака да го победи, дека секој сака да го спушти на земја, затоа што кај нас фудбалот вон терен знае да биде многу ГРУБ, и ДРЗОК особено коа ќе треба да се издвојат работите после одиграно коло. Како ќе биде и како и да биде понатака ова се ќе се памети, ќе се зборува, ќе се спомнува и после 100 години од Муки Бајрами, до раководството, до серијата пбеџ пораз, освоената титула, славјето, песната и добрите и лошите моменти во оваа фудбалска сезона.
Ѓорче фала во за титулата
Ѓорче фала што ми плаќате се извинувам за сарказмот ама морав,
Ѓорче фала за емоцијата,
Ѓорче е држава,
Ѓорче е репрезент на се што е МАКЕДОНИЈА од култура на народите до различностите кои живеат во нив, секогаш живееле и секогаш ќе живеете, не можете да умрете нешто што не само што не умира, туку нешто што што се доживува само ако сте од Ѓорче, ако сте живееле во Ѓорче.