Фк Тиквеш и Фк Скопје остануваат прволигаши, денеска се одиграа последните два натпревари односно бараж дуелите кои одлучуваа за комплетирање на изгледот на првата и втората лига.
Фк Скопје со 2:1 со гол во последните моменти се спаси од пенал рулет, и го потврди статусот на прволигаш, натпреварот се одигра во Штип. Фк Тиквеш од друга страна ја прегази Воска и спорен многумина победил фудбалот и фудбалската правда.
Нема дилеми се знаат сите прволигаши и второлигаши, измената е една за следна сезона, а тоа е во втора лига, единствена со 16 тимови, и според многумина ќе биде многу потешко д се влезе, пропозициите велат 1 – от и 2 – от влагаат директно додека 3 – от и 4 – от играат бараж со прволигашите кои ќе бидат 9 – ти и 10 – ти од прва лига, додека последните два тима се селат во втората лига.
Се спушти завесата видовме многу работи, но дали треба да сме задоволни, мислам дека да, од причина што оваа година се завртеа поголеми суми на инвестирање во фудбалот, но не беа пресудни за успехот на тимовите.
Европските дуели брзо ќе дојдат, нема многу време за одмор иако мора да се одмори, Шкупи, Пандев и Шкендија како и Фк Македонија Ѓорче Петров ќе бараат коло плус за подобар коефициент во европски рамки.
Утре нова емисија на Полн Погодок од 18 И 30 на ТВ СОНЦЕ, додека во Петок најавуваме едно интересно интервју.