Tренерот на Македонија Ѓорче Петров Муарем Бајрами ја продолжи верноста кон клубот во следните две години.
Сосема очекувано прв кој на некој начин ја продлува соработката со клубот е тренерот Мухарем Бајрами човекот заслужен кој го препороди тимот и му ја донесе втората куп титула на тимот од Ѓорче Петров вкупно трета во сите конкуренции.
Бајрами имаше успешна сезона откако неодамна го освои Купот на Македонија, па за очекување беше да добие награда од раководството на клубот од Ѓорче.
„Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот. Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи“, изјави Бајрами.
Новиот договор на Бајрами има важност до 2024 година, а екипата ја презе од Александар Таневски минатата сезона откако претходно беше негов асистент.